November 24, 2020 10:15
Македонија

НАкС задутре ќе одржи втор конгрес за четири години од основањето

Независниот академски синдикат (НАкС) задутре,  31 октомври, ќе одржи втор конгрес, онлајн поради пандемијата, со кој ќе заокружи четири години од работењето на синдикатот.

– Во овие четири години се боревме да ги подобриме условите во високото образование и науката, иницирајќи дискусија за проблемите и застапувајќи долгорочни решенија, соопти НАкС.

Во фокусот на работа во изминатиот период ги наведува изработка на анализа на универзитетската автономија, изработка на анализи за финансирањето на универзитетите, научните институти и платите на академскиот кадар во државата. , изработка на нацрт-колективен договор и директно застапување на правата и интересите
на академската заедница пред институциите.

НАкС соопшти дека во наредниот период ќе се залага да биде дел од создавањето на новиот Закон за научно-истражувачката дејност, при што е подготвен, како што наведува, да понуди квалитетни решенија и политики базирани на анализи.

-Ги повикуваме колегите, професорите, научните и наставните работници и
административниот кадар да се вклучат во синдикалното организирање и заедно да се застапуваме за подобри работнички права, поквалитетно образование и поразвиена наука, соопшти НАкС во пресрет на задутрешниот онлајн-конгрес.