January 24, 2022 21:20
Хроника

Над 80% од убиствата на жени се извршени од партнери или други членови на семејството на жртвите

Фемицидите односно родово базираните убиства на жени од страна на мажи се „скриена пандемија“ која ја загрозува безбедноста на голем број жени и девојки. Од вкупно 26 убиства на жени, извршени во државата во периодот од 2017 до 2020 година, 22 се квалификувани како фемициди, со оглед на тоа што сторители се сегашни и поранешни партнери или други членови на семејството на жртвата, покажува Анализата на случаи на фемициди, која беше презентирана денеска.

„Една од главните и неопходни препораки е измена и дополнување на Кривичниот законик преку предвидување на фемицидот како посебно кривично дело, или дополнување на отежнителните околности при квалификација на основното убиство со попрецизно дефинирање на родово базираното насилство, по примерот на европските земји. Согласно ова треба да бидат предвидени и повисоки казни за сторителите на ова кривично дело“, рече Елена Димушевска, авторка на Анализата на фемициди.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна дека новиот Полициски информациски систем, кој се изработува во соработка со УНДП, ќе овозможи поефикасна борба против криминалот, вклучувајќи ги и случаите на фемициди.

„Анализата на случаи на фемициди, поради веќе воспоставениот концепт на нулта толеранција, ја апострофира определбата на државата дека е потребен сериозен, аналитички пристап, кој се темели на основните постулати за превенција, рана идентификација, брз одговор на институциите во обезбедувањето мерки за помош и за заштита на жените жртви на родово базирано насилство и на семејно насилство“, изјави Спасовски.

Анализата на случаи на фемициди е реализирана во рамки на проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на мало и лесно оружје и градење на отпорни заедници“, кој УНДП го имплементира со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

„Сите ние треба да посветиме повеќе внимание и на причините, а не само на последиците од семејното насилство. Една од причините за фемициди е пристапот до огнено оружје на сторителите. Статистиката, која е навистина неверојатна, покажува дека дури 99,5 отсто од огненото оружје во државата е во сопственост на мажи. Би сакал да истакнам дека ние во УНДП остануваме посветени на поддршката на МВР за зајакнување на капацитетите за регулирање на пазарот на огнено оружје и за борба против недозволената трговија со оружје“, рече Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП.

Фемицидите како најтешка форма на родово базирано насилство се појавуваат во сите слоеви на општеството, имајќи предвид дека жртвите се со различна возраст, националност и социо-економска положба. Во над 80 отсто од случаите на фемициди, иако и претходно постоело насилство, ниту една од  вкупно 14 убиени жени не пријавила во надлежните институции.

„Во нашата држава функционираат 11 специјализирани сервиси за згрижување жртви на семејно насилство во шест плански региони, меѓу кои два кризни центри, осум специјализирани советувалишта и центар за жртви на трговија со луѓе. Во текот на пандемијата, заедно со УНДП ја креиравме првата мобилна апликација за пријавување насилство – „Биди безбедна“, која овозможува со само еден клик на мобилниот телефон жртвите да побараат помош и веднаш да се интервенира“, потенцира министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Според истражувањето на Организацијата на Обединетите нации за дроги и криминал (UNODC), објавено во 2019 година, 58% од жените жртви на убиство во светски рамки се нaмeрно убиени од нивниот интимен партнер или од друг член на семејството.

„Во рамки на кампањата против родово базирано насилство, пред два дена беше објавен извештај во кој се посочува дека во Германија секој втор ден по една жена настрадува од рацете на нејзиниот партнер или поранешен партнер. Родовиот баланс во секојдневниот живот и во политиката, во сите сегменти во општеството е предуслов за ставање крај на родово базираното насилство“, порача Анке Холштајн, Амбасадорка на Сојузна Република Германија.

Анализата на случаи на фемициди е изработена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, а беше презентирана во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Анализата на случаи на фемициди е достапна на македонски, албански и англиски јазик на овој линк.

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 3

AniWatch Horimiya Episode 6

free anime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc

watch anime free The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants (Dub)

The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants (Dub)