December 11, 2019 06:37
Економија

Над 7000 слободни работни места, се бараат стручњаци, техничари, ракувачи…

Над 7.000 слободни работни места има во третото тримесечје од годинава во земјава. Најмногу работници се бараат во преработувачката, трговијата на големо и мало и објектите за сместување и сервисни дејности со храна.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје имало вкупно слободни 7.791 работни места, а стапката на слободни работни места изнесувала 1,51 отсто.

Податоците покажуваат дека во преработувачката индустрија имало 2003 слободни работни места, во трговијата на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли 1420, 813 во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 742 во административни и помошни услужни дејности, 511 во транспорт и складирање, 402 во дејности на здравствена и социјална заштита, 355 во градежништво, 320 во инфорамции и комуникации, 267 во деноста уметност, забава и рекреација, 237 во образование, 122 во финансиски дејности и дејности на осигурување, 117 во други услугжни дејности, 116 во јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, 78 во дејности во врска со недвижен имот, 59 во снабдување со вода, отстранувње отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, 27 во рударско и вадење камен и 15 слободни работни места имало во дејноста снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според бројот на вработени, најмногу работници се барале во претпријатијата што имаат над 250 вработени, 2 286, потоа 2141 во претпријатија со број на вработени до 50 до 249, 2 019 слободни работни места имало во претпријатија со вработени од 10 до 49 и 1345 работни места во претпријатија зо три до девет вработени.

Од регионите со најмногу слободни работни места бил скопскиот со 3678, 1061 во пелагониски, 844 во Југозападен, 418 источен, 415 во вардарскиот регион, 268 во североисточен и 183 во полошкиот регион.

Се барале членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори 25, стручњаци и научници 572, техничари и сродни занимања 987, службеници 807, работници во услужни дејности и продажба 2853, стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот 27, занимања за неиндустриски начин на работа во производството 786, ракувачи и составувачи на машини и постројки 2072 и елементарни занимања 661.с

Нови вести

Акциите на Кока-Кола 100 години на берза

zane

Владата предлага укинување на Законот за пазарџиите, ќе се носи ново решение

Valentina

Штипски „Бетон” вреден милјарда денари

Valentina