February 21, 2020 03:16
Свет

Над 40 жртви во невремето во Пакистан

Најмалку 41 лице загина во обилните снежни врнежи и дождови во неколку провинции на Пакистан и делот од Кашмир, што е под негова контрола, јави телевијата Гео, повикувајќи се на официјални лица.

Според телевијизта, во изминатиот ден во провинцијата Белуџистан загинале најмалку 22 лица, тројца во Пенџаб и уште еден во Синд.

Таа јавува, исто така, дека имало и 15 жртви на снежните врнежи и порои во регионот на Азад Кашмир („Слободен Кашмир”), територијата што е под контрола на Пакистан.

Во седум области на провинцијата Белуџистан прогласена е вонредна состојба, информираат руските меидуми.