October 15, 2019 11:20
Економија

СДСМ: Над 35 милиони денари за ИТ обуки на 1.253 невработени млади лица

Како одговорна партија посветени сме на спроведување мерки што обезбедуваат подобри услови за младите и намалување на младинската невработеност.

Последни во низата реформи за младите се објавените три јавни огласи за обуки за ИТ вештини со кои се обезбедува преквалификација на 1.253 невработени млади лица.

Целта на мерката е да се надградат вештините на невработените млади до 34 години во област која моментално е атрактивна на пазарот за труд и која нуди доброплатени работни места.

За оваа мерка обезбедени се 35.1 милион денари за ИТ обуки годинава, што е неколкукратно зголемување во однос на претходната година кога беа издвоени 8.5 милиони денари.

Според официјалните податоци, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за ИТ компании кои се повеќе инвестираат и пружаат можности младите брзо да најдат вработување или да отворат сопствен бизнис.

Покрај ова, со ребаланс на буџетот, обезбедивме дополнително 200 милиони денари за активни политики и мерки за вработување, каде посебен фокус ставаме на младите.

Како одговорна партија остануваме посветени на креирање на квалитетни младински политики кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на младите, за тие својата иднина да ја гледаат овде, во својата татковина.

Нови вести

Елези: Одлична реализација од нaд 65% на Проектот за подобрување на општински услуги

Valentina

Обнова на валандовската градинка „Калинка“ – подобри услови за над 140 дечиња и заштеда на енергија од 70%

Valentina

Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција

Igor