January 23, 2021 16:44
Македонија

Над 230 активности за деца и родители во домашни услови за време на ЕДУИНО Игратон

Креативниот предизвик за играње и учење преку селектирани активности и игри наменети за деца од 3 до 10 годишна возраст – ЕДУИНО Игратон беше успешно реализиран во над 160 семејства во домашни услови, информираат од ЕДУИНО.

Над 160 семејства и над 230 пријави за игровни активности во домашни услови беа споделени од страна на родителите на децата.

-Иако мотивот за учеството не беа наградите, 12 добитници на сет материјали за изработка на активности беа селектирани по пат на лотарија и случаен избор за време на отворениот вебинар за затворање на ЕДУИНО Игратон, велат организаторите.

-Во овој период многу е важно да поминуваме време со децата дома, бидејќи ако нешто може да ја намали анксиозноста и да ги смири децата тоа е да имаме активности дома, релаксирачки активности во кои не само што ќе учиме нови концепти и вештини туку и ќе ги подучуваме децата на корисни одбранбени стратегии, дека дури и кога времињата се менуваат и имаме некакви предизвици, сепак може да одиграме некоја активност како семејство, да дознаеме како се се чувствуваат децата”,  изјави Боре Пуцоски, програмски координатор во УНИЦЕФ.

Од ЕДУИНО информираат дека на нивниот колективниот портал од неодамна има над 150 активности на следниот линк. Оттаму ги охрабруваат родителите и децата да се забавуваат со изработките и да ги  објават истите на социјалните мрежи користејќи ги  хаштазите #едуино #едуиноигратон

За наредните активности на ЕДУИНО можете да се информирате на eduino.gov.mk, ЕДУИНО Фејсбук страна и ЕДУИНО Инстаграм профилот.

Akudama Drive (Dub) Episode 4 at website https://animeheaven.pro. See more anime heaven au

Slime Taoshite 300-nen, Shiranai Uchi ni Level Max ni Nattemashita (https://crunchyrollfree.com/m/VEEX) Episode Preview at Crunchyroll crunchyroll is it free