October 26, 2021 12:46
Свет

Над 2.000 поплаки за нерегуларности на изборите за Думата во Русија

Вториот ден од парламентарните избори во Русија веќе се засенети од обвинувањата за измама од страна на опозициските активисти. Во недела, по затворањето на избирачките места, се очекува Русија да избере нова Дума во следните пет години во која ќе има 450 пратеници, како и неколку нови регионални и градски администрации.

На првиот ден од гласањето, вчера, независните набљудувачи од организацијата за правата на избирачите „Голос” забележаа околу 2.000 процедурални прекршувања, а повеќето од нив се за фотографирање или видеа записи, што е вообичаен показател за купувањето гласови.

Според извештајот на „Голос”, на избирачките места  имало голем прилив на луѓе во униформа, што покажува дека владата ги мобилизирала сите државни службеници за да обезбеди победа на владеачката партија Единствена Русија. Исто така, постојат извештаи за луѓе кои гласале повеќе пати.

„Беше ужасен ден. Мрсен и валкан”, напиша на Твитер Ирина Фатјанова, локална политичарка од Санкт Петербург.

Според „Голос”, Централната изборна комисија одби да ги разгледа жалбите и едноставно ги отфрли.

Спротивно на тоа, претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, ја пофали вчерашната организација на гласањето.

Про-Кремљ ориентираната партија Единствена Русија се обидува да го задржи апсолутното мнозинство во Думата, а таа е поддржана од претседателот Владимир Путин, за кого изборите се важен тест за националното чувство.

На многу истакнати опозициски личности не им беше дозволено да гласаат. Меѓу нив има поддржувачи на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој повика на протестно гласање против Единствена Русија од неговата казнена колонија надвор од Москва.

4Anime Watch anime online, English anime online HD

Website https://animekisa.in: Watch Lord of Vermilion: The Crimson King animekisa Episode 12 anime websites

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Tales of Zestiria the X Episode 12

Mmo4me: https://mmo4me.com/members/animefreakws.179953/#about

Molbiol: http://molbiol.ru/forums/index.php?showuser=1189414