April 21, 2021 01:41
Македонија

Над 15 000 ученици се пријавиле за државна матура

Според последните податоци од Државниот испитен центар над 15 000 матуранти се пријавиле за полагање државна матура. Ако се има предвид дека има вкупно 16 500 средношколци во четиригодишното образование, тогаш бројката на пријавени може да достигне 95 отсто, што во превод значи огромен интерес кај матурантите. Свесни дека државната матура е законска обврска и дека преставува услов за пријавување на факултет, дали дома или надвор, средношколците се едногласни дека овој завршен испит им е неопходен.

Ова е уште една ситуација во која бројките ги демантираат лагите на опозицијата, кои и оваа прилика со учениците ја користат да ја исполитизираат, иако законски е забрането политичко дејствување во училиштата.

Имено, партијата на Христијан Мицкоски ги користи малкутемина, незначителен број матуранти, кои наводно бојкотираат настава незадоволни од матурата, да ги критикува реформите во образованието и да и преставува на јавноста лажна слика дека учениците не сакаат да полагаат.

Токму затоа, Министерството за образование апелира до матурантите и средношколците да продолжат со наставата по веќе воспоставениот комбиниран модел затоа што тоа е во најдобар интерес на сите ученици и во интерес на заштитата на јавното здравје и дека полагањето државна матура е законска обврска.

„МОН има законска обврска да ја организира матурата за учениците што планираат да го продолжат образованието, а е услов за запишување на факултетите во државата и во странство. Испитите ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година. Mатурата, која е право на избор, на учениците кои избраа да полагаат и ги пријавија испитите ќе им биде овозможено да ја полагаат. Уште во текот на првото полугодие, целосно почитувајќи го демократското право на изразување на учениците, од страна на МОН беа прифатени сите забелешки за олеснување во делот на испитните матурски програми по сите предмети – стои во соопштението на МОН.

Од таму дополнуваат дека Државниот испитен центар, МОН и средношколците заедно ќе работат на целосно нова концепција за полагање државна матура која ќе се применува од идната учебна година, за што во тек е формирање на работна група во која ќе бидат вклучени и средношколците.

AnimeTV anime tv us: Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 12

KissAnime kissanime rwby: SK8 the Infinity Episode 12