February 17, 2019 11:20
Свет

Над 100.000 Германци би можеле да останат без работа поради брегзит

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ без договор би можело да ја чини Германија 100.000 работни места, покажало истражувањето чии резултати ги објави весникот „Велт ам Сонтаг“.

„Во ниту една друга земја ефектот од вкупната вработеност не е толку голем како во Германија“ рекол еден од авторите, Оливер Холтемилер.

Студијата ги зема во предвид само оние ризици за загуби на работни места, кои се резултат на падот на извозот поради новите царини на увоз во Британија, во случај на нерегулиран брегзит, а не ги зема во предвид, на пример, ризиците на пазарот на труд, поради губење на инвестициски интерес.

Во Германија, автомобилската индустрија најверојатно ќе биде најмногу погодена со намалувањето на извозот, во случајот на нерегулиран брегзит. Во поглед на бројот на вработени, најголемо влијание ќе има во компаниите „Волсфаген“ и „БМВ“. Според студијата, околу 500 вработени би можеле да бидат погодени во „Волсфаген“ и 265 во „БМВ“.

Експертите од институтот Хале за економски истражувања, утврдиле дека најголем ризик има за сојузните држави Баден-Вуртемберг, Баварска и Северна Рајна-Вестфалија, а најмалку е во опасност источна Германија.

Во студијата се вели дека и Франција би можела да биде силно погодена од брегзит без договор, со околу 50.000 работни места, кои се во опасност.

Над 600.000 луѓе, според студијата, низ светот би можеле да останат без работа во случај на брегзит без договор.

Related posts

Сè повеќе вработени Американци се убиваат

Valentina

Црна Гора има 77 милионери

Filip

Топ листа на најпопуларни женски имиња во светот

24news