August 14, 2022 20:29
Свет

Над 10.000 позитивни на коронавирус во Израел

Во Израел е забележано дека над 10.000 луѓе се заразени од коронавирус од 29.681 тестиран за едно деноноќие, што претставува безмалку 39 отсто. Ова е највисок процент на заразени од април годинава.

Тамошното Министерство за здравство информира дека 168 од пациентите се во сериозна состојба, што е зголемување од 95 отсто во однос на минатата седмица.

Во Израел од почетокот на пандемијата починаа 10.908 луѓе вклучувајќи и 13 фатални случаи минатата недела.