December 7, 2022 22:04
Економија

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во второто тримесечје од 2022 година

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

 На крајот на вториот квартал од 2022 година:

Нето надворешниот долг изнесува 3.988 милиони евра (или 29,9% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг, во вториот квартал од 2022 година, е намален за 101 милион евра, или за 2,5%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 57%.

Во текот на вториот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 41 милион евра и изнесува 7.770 милиони евра, што претставува 58,3% од проектираниот БДП за 2022 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2022/Soopstenie_dolg_MIP_%D0%9Av.2_2022.pdf