November 25, 2020 03:53
Спорт

Надал потврди дека ќе игра во Париз

Рафаел Надал, осовојувач на 20 гренд-слем титули, ја потврди информацијата на „Марка”, која се појави претходно денес дека тој ќе игра на Мастерсот во Париз во затворен простор, кој започнува на 2 ноември.

– Време е за сезоната во затворено… оваа фотографија е од тренинг на Академијата Рафа Надал порано денес… И да, се подготвувам за Париз / Берси, напиша Надал на Твитер, објавувајќи фотографија од неговата активност.

Претходно овој месец, 34-годишниот Шпанец го изедначи рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер од 20 Гренд слем титули, победувајќи по 13. пат (исто така рекорден) на Ролан Гарос.