September 23, 2019 18:15
Спорт

Надал му се заканува на Ѓоковиќ да го симне од врвот на АТП-листата

Шпанецот Рафаел Надал ќе игра во полуфиналето на последниот гренд слем тениски турнир сезонава УС опен, каде за противник ќе го има Матео Беретини. Надал важи за фаворит да го освои турнирот, бидејќи неговите најголеми конкуренти Србинот Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Роџер Федерер завршија со настапите.

Ако не се случи изнеандување, со триумф во Њујорк, Надал ќе му се доближи на водечкиот на АТП-листата Ѓоковиќ на само 600 поени разлика и до крајот на годината ќе има шанса да го симне од врвот.

Надал нема да брани многу бодови до крајот на година, а српскиот тенисер Ѓоковиќ поради повлекувањето во осминафиналето во Њујорк остана без 1.820 бода, па сега има 9.865. Во наредните неколку месеци, ќе се реши прашањето кој ќе заврши како првопласиран во 2019 година. Ѓоковиќ има проблеми со рамото, поради што и предвреме заврши со настапите на УС опен, а тоа може да го искорсити Надал за да се врати на врвот од АТП листата.

Нови вести

Влезниците за фудбалскиот меч со Словенија во продажба по цена од 50 до 200 денари

Igor

Дибиров: Не смееме да го потцениме Нексе

zane

Берлускони: Милан ме разочара

Valentina