August 24, 2019 20:23
Спорт

Надал му побегна на Федерер

Вториот светски рекет според последната АТЛ ранг-листа, шпанскиот тенисер Рафаел Надал  оставари рекордна 379. победа на турнирите од серијата Мастерс 1000, победувајќи го во осминафиналето Аргентинецот Гвидо Пела со 6:3, 6:4, во Монтреал.

Сега Надал е осамен на врвот од листата според бројот на победи на овие мастерс-турнири. До сега првото место го делеше со Швајцарецот Роџер Федерер кој има 378 победи.

Легендарниот Шпанец Надал е и рекордер по бројот на освоени турнири од серијата Мастерс 1000 со 34 титули. По него следува Новак Ѓоковиќ со 33 и Роџер Федерер со 28 титули.

Нови вести

Македонските надежи третопласирани на турнирот во Чешка

Igor

Први голови за прва победа на Вардар

Igor

Алиоски заигра во вистински момент за Лидс

Igor