June 21, 2021 18:38
Спорт

Надал е првиот финалист во Рим

Третиот светски рекет Рафаел Надал во полуфиналето на Мастерс турнир во Рим, со 2:0 во сетови го елиминираше 47 тенисер на АТП, Рајли Опелка и се пласираше во големото финале. Шпанскиот тенисер  го доби мечот за еден час и 33 минути игра. На „кралот на земјата“ доволен му беше по еден брејк во двата сета кои ги освои со идентичен резултат (6:4, 6:4).

Во борбата за 10. трофеј во Рим, Надал ќе игра со подобриот од пресметката помеѓу Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Сонего.

Шпанецот го освојуваше овој Мастерс досега вкупно деветпати, последен пат тоа го направи во 2019 година. Лани беше елиминиран во четвртфиналето од Диего Шварцман.

AnimeDao animedao jojo: Watch High School DxD Episode 7 (https://animedao.nl/m/vWN/ep-7)

GoGoAnime anime sites: Black Clover Episode 170