September 29, 2020 08:49
Спорт

Надал: Ги почитувам тенисерите кои решија да играат на УС Опен, може им требаат пари

Освојувачот на 19 Гренд слем титули, Рафаел Надал ја коментираше својата одлука да не ја брани својата титула на УС Опен.

Шпанскиот тенисер потврди претходно овој месец дека нема да игра во Њујорк поради ситуацијата со коронавирусот.

– Јас не сум лицето кое може да суди дали оваа одлука е паметна или не. Јас ја почитувам сработената работа и позитивниот став на АТП и УСТА, кои се обидуваат да го вратат тенисот. Јас ја почитувам и позицијата на тенисерите кои решија да играат во САД. На пример, ситуацијата може да биде различна за секој и тие сакаат да заработат пари. Јас ги почитувам сите одлуки, но сега е тешко да се каже како да се постапи тоа правилно, вели Надал,цитиран од „Тенис Ворлд САД”.

2020-08-10 20:53:47, од Влатче Зорба