June 26, 2022 15:33
Македонија

Наградени 27 основци од конкурсот на МОН за творби инспирирани од делото на Конески

По повод сто години од раѓањето на Блаже Конески (1921-1993), денеска им беа доделени наградите на победниците на Конкурсот на  Министерството за образование и наука за најдобри творби на ученици од основното образование инспирирани од делата на Конески.

Посебно формирана комисија на МОН избра 27 ученици од прво до деветто одделение кои се наградени во шест категории.

Учениците од прво до трето одделение се натпреваруваа во три категории:  „Блаже Конески низ цртеж”, „Буквите низ цртеж” и во категорија за најдобра ликовна творба/фотографија, а од четврто до деветто одделение можеа да творат на темите „Конески бдее над татковината – јазикот” и „Поезијата на Блаже Конески – наша ненасушна инспирација” во три категории: за најдобра поетска творба, најдобар расказ и најдобра ликовна творба/фотографија.

Според министерката за образование и наука Мила Царовска, наградените ученици покажале дека не само што знаат зошто е значаен Блаже Конески за нашата држава и идентитет, туку покажале и одговорност и спремност за понатаму да го чуваат и да се грижат за наследството што го остави Конески.

-Нивните творби покажаа дека тие се заинтересирани понатаму да го рзгледуваат делото, да творат во име на делото на Конески, што е дел од нашиот идентитет, а е нивна обврска да го чуваат. Новата Концепција, исто така, зборува за јазикот како идентитет и во програмата за четврто одделение, во учебникот по македонски јазик, првпат е воведена песна од Конески за тие од најмала возраст да добијат информации и да се запознаат со овој многу значаен лик од нашата историја, изјави Царовска по доделувањето на наградите.

Go88 - Cổng game bài hàng đầu thế giới 2022 giải mã md5 go88 go88 âu cơ

đại lý sunwin