December 9, 2022 23:18
Свет

Нагло падна притисокот во Северен тек 2: Откриено опасно истекување

Притисокот во гасоводот Северен тек 2, кој требаше да ги удвои испораките на руски гас за Германија, нагло падна во текот на ноќта, изјави портпаролот на операторот, посочувајќи го истекувањето на гас како можна причина. Веднаш беа известени властите во Германија, Данска, Шведска, Финска и Русија, додаде Улрих Лисек, портпаролот на швајцарскиот оператор.

Ноќта од недела кон понеделник притисокот во делот на гасоводот што минува низ морето од 105 паднал на седум бари.

„ Дефинитивно има дупка некаде, но никој не знае каде“, рече Лисек, додавајќи дека истрагата е во тек.

Од германското министерство тврдат дека не ја знаат причината.

„ Во моментов сме во контакт со регулаторите со цел да се разјасни ситуацијата. Ниту причината, ниту точните факти се уште не се јасни“, се вели во соопштението на Министерството за економија.

Компанијата која управува со гасоводот тврди дека гасот не истекува во Лубмин, во северна Германија.

„ Ако протече во Лубмин, ќе го слушнете“, рече портпаролот.

„Газпром“ соопшти дека прашањата за инцидентот треба да се проследат до операторот, кој побарал заштита од доверителите пред судот во Швајцарија. Судот неодамна го продолжи рокот за финансиско реструктуирање.

Данските поморски власти пријавија истекување на гас што е опасно за бродовите, објавија тамошните власти.

Гасоводот Северен тек 2 требаше да испорача руски гас преку Балтичкото Море до Германија и беше завршен на крајот на минатата година. САД се спротивставија на тоа, тврдејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас. И Украина го критикуваше, жалејќи се дека ќе изгуби приход од транзитот на рускиот гас.