December 8, 2021 19:38
Спорт

Нагелсман не беше на клупата од Баерн во Лисабон поради позитивен тест на коронавирусот

Ден откако Баерн Минхен ја оствари и третата победата во групата од фудбалската Лига на шампионите на костувањето кај Бенфика (4:0), актуелниот шампион на Германија објави дека  тренерот Џулиан Нагелсман е позитивен на Ковид 19.

Младиот 35 годишен тренер на Баерн иако е вакциниран со две дози против коронавирусот, повторно се инфицира и следните десетина дена ќе биде во карантин. Нагелсман по доаѓањето во вторник во главниот град на Португалија, имал лесни симптоми на преладување, па одлучил дека е најдобро да остане во хотелот, наместо да оди на натпреварот, а во меѓувреме направил и тест против ковид19 кој бил позитивен.

Според клупската информација Нагелсман се чувстува добро.

Нагелсман во Минхен се вратил со посебен лет, одвоено од остатокот од екипата.