October 26, 2021 02:22
Спорт

Нагелсман: Барселина не е ништо послаба без Меси

Поубав почеток на елитното фудбалско клупско натпреварување Лигата на шампионите, со дерби пресметката меѓу повеќекратните европски прваци Барселона и Баерн симпатизерите на најважната споредна работа на светот не можеа да посакаат. Вечерва (21 ч.) во 1. коло од групата Е на „Ноу Камп“ реновираниот тим на Барселона  го дочекува Баерн Минхен со голем мотив да им наплати за минатосезонското понижување кој им го приреди германскиот гигант во двомечот со триумф од 8:2 во четвртфиналето одиграно во август 2020 година.

Ова ќе биде 12-та пресметка меѓу овие два ривали во натпреварувањата под капата на УЕФА, а подобар скор има Баерн со седум победи, Барса има две, а два меча завршија нерешено. Барселона вечерва против Баерн нема да смета на неколку неколку фудбалери. Мартин Брајтвајт е повреден и ќе оди на операција, вон стројот се уште  е Кун Агуеро, Осман Дембеле, Сержињо Дест и Ансу Фати. Баерн е без услугите на Корентин Толисо. Левандовски и Гнабри се жалат на повреди.

Барселона е без  првата ѕвезда Лионел Меси кој летово по две децении поминати на „Камп Ноу“ се пресели во ПСЖ.

-Тие сега играат поинаку. Лионел е фудбалер околу кого се врти играта, а соиграчите постојано му додаваат. Сега одговорноста ја делат сите фудбалери подеднакво. Со Депај и Де Јонг тие имаат интересен тим со други квалитети, а не мислам дека сега се послаби без Меси, изјави Јулијан Нагелсман тренерот на Баерн.

Двојки за денеска: Јанг Бојс – Манчестер јунајтед, Севилја – Салцбург (18.45 ч.), Динамо Киев – Бенфика, Барселона – Баерн Минхен, Вилјареал – Аталанта, Лил- Волфсбург, Малме – Јувентус, Челзи – Зенит (21 ч.).

Website https://twistmoe.net: Watch Honey and Clover (Dub) twistmoe Episode 24 watch anime online

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD

KissAnime - Watch Anime Online Free English Sub & Dub | Kiss Anime

Website https://wcostream.cc: Watch Galaxy Fraulein Yuna wcostream Episode 2 watch cartoons online wcostream

V: https://v.gd/KWtzQ9

Flipsnack: https://www.flipsnack.com/gogoanimebe/