December 5, 2021 11:52
Спорт

Навивач на „Сен Џејмс парк“ доживеа срцев удар, мечот меѓу Њукасл и Тотенхем е прекинат

Вистинска драма се случува на „Сент Џејмс парк“, а неофицијално навивач на трибините доживеа срцев удар, па мечот меѓу Њукасл и Тотенхем е прекинат во финишот на првото полувреме.

Во текот на играта, прв реагираше бекот на гостите, Регулион, кој посочи дека нешто се случува на трибините. Веднаш реагираа и останатите фудбалери на теренот, а медицинските тимови на двете екипи со дефибрилатори се упатија кон трибината на која се случуваше вистинска драма.

Неофицијално се работи за срцев удар, па играчите заминаа во соблекувалните, додека медицинските тимови се обидуваа да помогнат.

До прекинот резултатот беше 2:1 за Тотенхем, со головите на Ндомбеле во 17. минута и првиот гол сезонава на Хари Кејн во Премиерлигата во 22. минута.

Њукасл поведе со голот на Калум Вилсон во втората минута.