February 18, 2020 17:53
Спорт

Навивачите со купување на блок-влезници ќе го спасуваат Левски

Кризата во еден од бугарските фудбалски великани Левски од Софија,  се продлабочува откако газдата Васил Божков избега од Бугарија, па беше уапсен во ОАЕ и сега чека екстрадициски притвор. Оваа вест ги моблизираше навивачите на Левски да купуваат сезонски билети за својот омилен клуб и со тоа да се обидат да му помогната да се спаси од растурање.

Бугарските меидуми објавија дека само во последните три дена се продадени повеќе од илјада сезонски влезници, а бројката на вкупно продадени надмина 2.500. Од продадените влезници во последните три дена Левски обезбеди 40.000 евра (80.000 лева). Се очекува да се продадат уште блок-билети и приходот да да се зголеми.

Левски се најде во финасиски проблем поради новиот закон за игри на среќа, поради кој Божков наводно побегна од земјата. Потоа излезе дека газдата на Левски е обвинет за финансиски малверзации од 270 милиони евра (богатството му се проценувало на 6,5 милиони евра). Навивачите пред да избега газдата, бараа спас кај премиерот Бојко Борисов, кој пак им порача да си ги земат акциите и тие да го управуваат клубот.

Сега, Левски на смертката има само 100.000 евра, за кои директорот Павел Колев објави дека се пари за живот до крајот на месецов. Овие пари од продадени билети над 100.00 евра ќе спасат уште еден месец, а се надеваат во Софија дека ќе се изнајде некое краткорочно решение со банки или спонзори за мирно да се заврши пролетниот дел од сезоната па потоа да се бара долгорочно решение.