February 27, 2021 04:58
Свет

Навални: Тоа што ми се случува е потсмевање со правдата

Во моментов најпознатиот руски опозиционер, Алексеј Навални, кој синоќа беше приведен на аеродром при враќањето од лекувае од Германија, денеска изјави дека односот кон него е „потсмевање со правдата”, бидејќи е соочен со набрзина организирано судење, јавија француските медиуми.

Во услови на зголемени повици од целиот свет за ослободување на Навални, тој денеска беше одведен во судницата поставена во полициската станица Химки, на периферијата на Москва, каде што синоќа директно беше однесен по приведувањето на московскиот аеродром Шереметјево.

Полицијата го приведе Навални, најистакнатиот противник на претседателот Владимир Путин, на граничната контрола на московскиот аеродром, помалку од еден час откако се врати во Русија од Германија, за првпат откако беше затруен од нервен агенс во август минатата година.

Во видео материјал што го објави неговиот тим од сослушувањето во импровизираната судница, Навални вели дека не разбира како може да се одржи судско рочиште во полициска станица и зошто никој не бил известен до последен момент.

-Сум гледал многу потсмевања со правдата, но старецот во бункерот (Путин) толку се плаши што очигледно го искинаа и го фрлија рускиот Кривичен законик, рече Навални, додавајќи дека „ова е крајно беззаконие.

На друго видео се глада како Навални повикува рочиштето да биде отворено за сите новинари, откако им беше дозволено да присуствуваат само на провладините медиуми.

-Барам оваа постапка да биде што е можно поотворена, за сите медиуми да имаат можност да ја набљудуваат неверојатната апсурдност на она што се случува тука, кажа тој.

Околу 100 лица, главно новинари, се собраа на снегот пред полициската станица, а неколку полициски комбиња чекаа во близина со запалени мотори.

Watch The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods (Dub) Episode 21 at website https://kissanimeonline.com cautious hero kissanime

Watch Naruto Episode 94 at website https://animefreak.ws anime freaks tv