November 27, 2021 18:40
Свет

Мјанмарската воена хунта издаде наредба за „замолчување” на адвокатот на Аунг Сан Су Чи

Воените водачи на Мјанмар му забранија на адвокатот кој ја застапува соборената премиерка Аунг Сан Су Чи, да се обраќа до медиумите, дипломатите или меѓународните организации во врска со случаите против неговиот клиент, јави ДПА.

Адвокатот Хин Маунг Зау беше клучен извор на информации за тајните правни случаи кои се водат против Су Чи, која е соборена од воениот удар на 1 февруари, што предизвика насилни немири.

Тој редовно ја известуваше јавноста за напредокот на случаите, како и за здравјето на 76-годишната добитничка на Нобеловата награда за мир.

Хин Маунг Зау денеска на Фејсбук ги објави деталите од наредбата која му е наметната од страна на воената хунта.

– Комуникацијата на Хин Маунг Зау може да го вознемири и повреди секој што се однесува според законот, а исто така ќе доведе до немири и ќе го дестабилизира јавниот мир, се наведува во наредбата, обвинувајќи ги и медиумите за ширење лажни вести.

Су Чи е обвинета за низа прекршоци, вклучувајќи кршење на законот за државна тајна, закони за трговија со странство и непочитување на правилата против Ковид-19. Таа помина вкупно 15 години во домашен притвор пред да стане премиер на Мјанмар во 2016 година по одржани демократски избори.

AnimeFreak: Kaze no Yojimbo (Dub) anime episode 25 online free at https://animefreak.ws hunter x hunter animefreak

AnimeTV: Kirby: Right Back at Ya! (Dub) anime episode 70 online free at https://animetv.cc anime tv for free

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real

86-Eighty Six- Special Edition - Coquelicots Blooming Across the Battlefield (https://animebee.to/m/p3gxv) Episode Full

Website https://kissanime.mx: Watch Manyuu Hikenchou Specials kissanime Episode 4 kissanim3