November 18, 2019 23:41
Хроника

Му го удрил возилото, го претепал, па го нападнал со секира

Му го удрил возилото, го претепал, па го нападнал со секира

Секторот за внатрешни работи  Штип поднесе кривична пријава против  Д.Е.(32) од Штип, за сторено  кривично дело „насилство“.

На 15-ти август околу 23:55 часот во Штип на улица „Сутјеска“ по вербална расправија во врска со паркирање на возило, пријавениот почнал да удира по стаклото од возилото на М.Д.(21) од Штип по што физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди.

При тоа, откако М.Д. побарал помош од присутните граѓани, пријавениот со рачка од секира замавнал кон него, но оштетениот успеал да ги избегне ударите.

Нови вести

Седум мигранти од Сирија приведени во реонот на село Речица, Кумановско

Filip

По пожарот во септември, велешка „Маслодајна” спогодбено се обврза да плати 50.000 евра

Filip

Заскитани куршуми завршиле на тераса во Чаир

Igor