February 16, 2019 16:59
Фудбал

Му впериле пиштол во главата, па го ограбиле

Полскиот репрезентативец, Аркадиуш Милик, нема по добро да го памети синоќешниот триумф на Наполи против Ливерпул 1:0, во Лигата на шампионите. По натпреварот Милик останал без својот часовник.

Милик, по натпреварот, останал на малата прослава, во клупските простории на стадионот „Сан Паоло“. Кон својот дом се упатил околу два часа по полноќ, кога непознати напаѓачи со мотоцикл му го попречиле патот, побарале да го отвори прозорецот, а потоа му впериле пиштол во главата.

Откако му го одзеле часовникот кој чини околу 20.000 евра, напаѓачите избегале.

Related posts

Гвардиола призна дека Ливерпул и Тотенхем се подобри од Манчестер Сити

24info

Пирло не е импресиониран од играчот кој Милан го донесе како негова замена

24info

Меси повторно ќе игра за Аргентина?

24info