Search

Муча: Преживеаја само 16 палми

Разубавување на парковите, дружење со дечиња од градинките и со ученици, заедничко засадување на цвеќиња и садници во парковите но и во импровизирани градини, изградба на отворена библиотека, помош на социјално загрозени семејства е дел од тоа што освен редовните обврски неуморно и од љубов го прави актуелниот директор на ЈП Паркови и зеленило- Скопје, Ардијан Муча. Директорот Муча по професија е социјален работник, кој на новото работно место ја носи претходната професија. Вели дека тоа му е во душата, а дека е така потврдува фактот што чести гости во ЈП Паркови се дечиња со аутизам со кои заедно ја китеа новогодишната елка, а неколку пати бил во посета на Домот за деца без родители.

Со неговото доаѓање на местото директор, скопјани го забележаа разубавувањето на парковите и садниците покрај булеварите. За него, ова е само почеток поради што се уште не можат да се забележи тоа што тој заедно со вработените во Паркови го направиле изминатата година. Приоритет за оваа година е реконструкција на вториот дел на Градскиот парк, кој ќе се реконструира после 60 години и ќе биде еден од најголемите прокети, како и зазелување на градот со зимзелени и листопадни дрвја кои влијаат и во прочистувањето на воздухот.

Како актуелен директор на ЈП Паркови и зеленило се забележуваат убави промени во парковите во населбите како и во Градскиот парк. Реконстриравте неколку паркови, а создадовте и нови. Колку вкупно паркови се рекунструирани?

2018 година како прва година од мојот мандат како директор на ЈП “Паркови и зеленило” – Скопје ќе се запамети како рекордна работна година на оваа институција. Ако во 2017 година биле подигнати и реконструирани 65.000 метри квадратни нови зелени површини  низ целата територија на град Скопје, во 2018 година ние го надминавме рекордот на извршени работни активности, при што успеавме да подигнеме и реконструираме цели 127.838 метри квадратни нови зелени површини, што го подразбира фактот дека ЈП „Паркови и зеленило” – Скопје ги зголеми работните активности за 100 отсто. За транспарентноста на убавите промени низ парковите, тоа што и вие го спомнавте, верувам дека преку бројките што предмалку ги наведов, се потврдува се што е сработено и за тоа колку нови паркови се подигнати и реконструирани во текот на една година, од моментот од кога јас раководам со оваа претпријатие.

Новите и реконструирани пркови се препознтливи по новата урбана опрема. Препознатливо е дека секој парк има сопствен назив како и табла со историјата на паркот. Кажете ни нешто повеќе за оваа идеја?

Оваа идеа има за цел да го промени моделот на функционирањето на јавното претпријатието.  Имајки го во предвид фактот дека порано кога се пристапувало кон подигнување и реконструкција на некоја зелена површина,  јавноста воопшто не била известена и информирана за тоа. Поради тоа ние се одлучивме за еден нов модел, секој парк отсега ќе има свое име и своја пишана историја,  ќе се одликува со своја посебна фигура оформена од цвеќиња,  исто така парковите ќе бидат соодветно урбанизирани со клупи, соодветни патеки, корпи за отпадоци и со систем за наводнување. Имињата се инспирани од историските обележја, како пример ќе го наведам паркот “НАТО” којшто е промовиран во склоп на меѓународниот ден на мирот и го носи симболот на “НАТО”, Паркот “Насмевка” во Аеродром, Паркот “Радост” во Чаир и така натаму.

Сведоци бевме и на уништување на дел од новата опрема во Градскиот парк. Што би им препорачале на граѓаните во врска со ова?

За жал, вистина е тоа. Мене ме чуди и не можам да разберам како во еден момент луѓето можат да извршат таков вандалски чин и така да се однесуваат кон една убава дрвена куќарка. Таквите креации им се наменети на сите граѓани. Градиш парк, го уредуваш и доаѓа некој и уништува нешто на што се радуваат децата. Тоа не сум го направил за мене дома, тоа е за сите. Ние како јавно претпријатие целеjќи кон тоа да го сочуваме заболеното дрво, отсековме толку колку што беше неопходно од дрвото и притоа изведовме убава креација која ги мами погледите на посетителите, но истовремено куќарката на децата ќе им овозможи еден амбиент од бајките во склоп на природата. Не можам да го сфатам тоа некој да направи вандализам.

Што планира ЈП Паркови и зеленило со почетокот на пролетта. Дали може да ветите повеќе паркови и дрвја?

Како што спомнав пред малку, имаме голем број на проекти но како приоритет во моментот е реконструкцијата на вториот дел од Градскиот Парк, каде што ќе се работи делумно, парцела по парцела, затоа што станува збор за голема површина. Исто така ќе се ангажираме и во Кејот на Вардар, ќе подигнеме нови зелени површини и ќе ги реконструираме постојните паркови. Токму поради фактот што и Град Скопје е посветен и фокусиран кон зеленилото во градот, поради тоа сум повеќе од убеден дека и во текот на 2019 година ќе се садат голем број на садници, исто така и дека  ќе се подигнат и голем број  на паркови.

Скопје оддамна не важи за град во кој жителите можат да уживаат во зеленило. Претходните години бевме сведоци на сечење на цели дрвореди во парковите и покрај булеварите. Се прекина со акцијата Ден на дрво. Како се планира да се продолжи со зазеленување на градсото подрајче. Дали Паркови има план како да го врати зеленилото во градот кој се задушува во бетон?

Главна цел на ЈП „Паркови и зеленило“ е да го врати зеленилото во Град Скопје. Во моментот како наш приоритет е реконструкцијата на вториот дел од Градскиот парк, којашто интенција е засебен мега – проект. Ќе биде еден од најголемите прокети после 60 години. Работиме полека, секој ден имам состанок со инжинерите што се на терен. Фокусирани сме целосно на тој прокет, но тоа не значи дека ќе ги заборавиме друигите зелени површини. Да се разбереме, после 10 години руинирање, никнување на згради на секој метар кавдратен зелена површина, ние немаме магично стапче и преку ноќ д го вртиме зеленилото. Ние лани засадивме нови 9.000 садници, но бенефитот одма од тоа не може да се види. Но тие 9.000 садници за три до четири години ќе ги надоместат тие 9.000 што претходно биле исечени. Оваа година планираме да засадиме два пати повеќе, но годинава ќе го смениме начинот за садници. Има место за садници, сакаме средните жарднери да ги направиме со зимзелени и листопадни дрвја, кои многу влијаат и во прочистувањето на воздухот. Исто така ќе се подигнат нови зелени површини низ сите општини, додека постојните зелени површини ќе се реконструираат. Верувам дека и граѓаните добро ќе ги пречекаат овие активности поради фактот што тие во секое време ќе можат да уживаат во овие зелени површини.

Дали општините и Градот Скопје соработуваат со Паркови и зеленило?

Ако не постои соработка со Град Скопје, институцијата нема да биде успешна. Донесов поинаков концепт за работа од претходното раководство. Не дојдов само да бидам директор. Јас дојдов од Министерство за  труд и социјална политика каде што бев државен советник, а дојдов да бидам директор во ЈП и да придонесам за градот. На самиот почеток предизвик ми беше да го сменам начиниот односно кумуникацијата со градот и вработените во ЈП Паркови и зеленило. Порано Град Скопје издавал налози за работа, а претпријатието бил само извршител. Никој не давал отчет што работеле, а за жал комуникацијата со медиумите била забранета. Претпријатието постои за народот, за градот, и е формирано е за потребите на Град Скопје. Јас успеав да ги сменам работите, а се разбира дека немаше да го постигнеме овој успех доколку недостасуваше меѓусебната соработка. Ние како јавно претпријатие сме под ингеренции на Градот Скопје, јас сум задоволен од нивото на соработката што ја имаме со Град Скопје и со градоначалникот Шилегов, поради фактот што секој проект којшто досега сме го предложиле, е подржан и прифатен од Градот. Од друга страна, со сите градоначалници на општините, нивото на соработка е на завидно ниво.

Парк – шумата Водно е под ваши ингеренции. Што превземате за да се спречи уништувањето на белодробната оаза?

Да вистина е, Водно е под наши ингеренции. Работиме и имаме соодветни проекти за вонградското зеленило. Планираме да подигнеме авантуристички парк, само не знаеме дали ќе биде локализиран во склоп на Парк – шумата „Водно” или во склоп на Паркот на природата „Гази Баба”. Верувам дека со овој проект ќе се овозможат повеќе содржини во природните убавини на Скопје, поточно во срцето на градот.

Во минатото беа засадени 138 палми, а тогашните власти гарантираа дека Скопје има услови за нивно одгледување.  Дали барем едно од овие тропски саданици опстана во Скопје?

Да, постојат и во моментот се останати уште 16 палми коишто се наоѓаат на кејот на Вардар. Како јавно претпријатие во соработка со Град Скопје, низ секоја зелена површина ќе засадиме цвеќиња и дрвја коишто ќе можат да се адаптираат на климатските промени и на нашето поднебје.

За новогодишните празници се дружевте со децата од Домот за деца без родители, а Новата година ја пречекавте со повозрасните лица сместени во домот за стари лица „Мајка Тереза“ – Скопје. Ова предизвика многу позитивни критики во јавноста. Кажете ни нешто повеќе за овие проекти.

Видете, јас во душата сум социјален работник, доаѓам од Министерството за труд и социјална политика и каде и да одам мојата професија ја носам со себе. Парковите се наменети за сите нас, поради овој факт работата тука ме поврзува со хуманата дејност. Во текот на новогодишната ноќ, споделивме празнични моменти со повозрасните лица и тоа заедно со директорот на ЈП „Комунална хигиена” и со директорoт на ЈП „Улици и патишта”, и верувајте беше тоа феноменално чувство поради фактот што радоста во нивните очи резултираше со тоа ние да започнеме една нова и бериќетна година. Споделивме дел од миговите од радста со нив и пресреќни бевме и ние и тие. Не сакам да го заборавм тоа никогаш. Пресреќни бевме. Исто така ги израдувавме и децата без родители садејќи дрвја во дворот на домот, додека пак новогодишната елка во мојата канцеларија за китевме заедно со децата со аутизам од НВО „Имаго – Плус”. Секој лампион што тие го поставија во елката претставуваше засебна надеж и радост, уживав во тие моменти коишто ги споделив со нив. Една од мајките која беше со детенцето, ми вели „моето дете после 7-8 години прв пат го гледам да зборува и да си игра“. Тие се многу сензитивни деца. Тоа е дел што не можеме да го заборавиме.

 

Вработивте дете на социјално загрозено семејство.

Станува збор за повеќечлено семејство од Скопје кое живееше во многу тешки услуви. Иницијативата за да се помогне на семејството беше на хуманистот Халил Кастарати кој му напрви куќа. Они му направија куќа, но тоа семејство треба да живее од нешто, а никој од нив не беше вработен. Реков дека јас ќе помогнам, и вработив еден од синовите. Со тоа сакам да пратам порака дека не треба секогаш да гледаме на етничката, религиозна, партиска, припадност за да се помогне. Треба да се помогне секому кому помошта му е најпотребна. Вработувањето беше да пратиме порака кон сите носители на јавни функции дека треба да направат добро дело. Луѓето од таа категрија не можат да стигнат до главните луѓе во инситуциите, да бидеме реални. Но ваквата порака кон другите, не беше порака да правиме пи-ар. Јас ќе правам пи-ар со дело, со работа.

Активни сте на Фејсбук и на Инстаграм  споделувате видеа од вашите активности. Дали добивате повеќе пофалби или критики?

Со тоа што споделуваме дел од нашите активности не сакаме да се фалиме туку да испаратиме апел до граѓаните, до инситуциите да бидат похумани, да дадеме поттик на другите јавни личности да знаат дека постојат семејства каде што треба да се помогне. Сакам граѓаните да знаат што работиме, а исто таа и да ни даваат предлози, идеи или да пријавуваат проблеми. Секојпат кога нашите сограќани ќе остават коментар дека во тој и тој парк има паднатао дрво, оштетен инвентар Иако 90 посто од предлозите што ги даваат се дел од оопштините, не се наши. Пред некој ден на пример ни пишаа дека на тоа место е падната дрво. Веднаш директорот прати екипа и го санираа проблемот. Ние им одговараме на пораките, гледаме да си ја завршиме работата, тоа што е во наша надлежност, а тоа што не е ги препраќаме во Општините.

Секојдневно ве посетуваат дечиња од грaдинките и од основните училишта, но и студенти. Кажете ни нешто повеќе за ова.

Сакам да ги спојам дејноста што ја има социјалниот работник и професијата што ја имам сега моментално. Почнавме од најмалите, бидејќи ако некој се радува на парковите тоа се децата. Им објаснуваме колку е важно чувањето на животната средина. На дело им поажуваме како се сади растение и им објаснуваме како растат. Има многу заинтерисирани градинки и училишта кои сакаат да не посетат и ќе продолжиме бидеќи децата се носители на чувањето на животната средина. Имаме соработка и со студенти и на предлог на Унијата на студенти, направивме отворена библиотека во паркот во Чаир. Библиотекта се уште не е промовирана,  а тоа ќе го напрвиме на пролет.

Дали имате доволно опрема за работа?

Се соочуваме со технички проблеми. Имаме само еден багер, еден бобкет, три камиони стари 60 години, поправај ги ги колку сакаш тие се расипуваат. Набавивме нови два камиони и тоа благодарение на Град Скопје како субвенција од Градот. Без машинерија и алат не можеме да работиме. Задовлен сум од директорите и инстиуциите на Патишта, Комунална хигиена, Водовод кои секогаш сакаат да помогнат и имаме одлични професионални односи.

Треба да знаете
Последни објави