Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска оствари средби со аеродромци во рамките на воспоставената пракса за отворен ден со граѓани.
Средбите се одржаа во просториите на Општина Аеродром по претходно закажан термин, а граѓаните преку разговор директно на градоначалникот Муцунски му ги пренесоа своите барања, предлози и конструктивни идеи за создавање подобри услови за живот, но и поубава и посредена општина.
Ваквите средби имаат за цел полесна идентификација и побрзо решавање на предизвиците во општината.
Сите заинтересирани граѓани можат да закажат средба на телефонскиот број +389 2 2400-970 или преку меилот [email protected]