Пред малку заврши состанокот на Кризниот штаб на Општината. Ги информираме граѓаните дека на располагање се ставени возила за чистење снег на улиците, тротоарите и други јавни површини, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол. Штабот ќе се грижи за реализација на донесениот план чија цел е да обезбеди олеснет пристап и движење на граѓаните во зимски услови.
Се преземаат сите мерки за безбедно функционирање на сообраќајот. Екипи на нашата општина постојано ќе бидат на терен.