June 28, 2022 03:00
Македонија

Муцунски од Битола: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со чесна работа успеваат да го реализираат ветеното и покрај тоа што владата им ги намалува буџетските трансфери

Интегрален текст од изјава на Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром

Задоволство е да се биде денес во Битола, град со значајна историја за нашата држава, но и град којшто има динамична општинска администрација предводена од градоначалникот Коњановски кој го реализира тоа што го вети во текот на кампањата која заврши пред 6 месеци.

Градоначалникот тоа го спомна, сите градоначалници ширум државата имаат сериозни предизвици, поврзани со цената на електричната енергија и другите расходи кои се појавуваат како резултат на глобалната економска и финансиска криза. Истовремено не само што нема поддршка од владата, туку сме сведоци на постојано намалување на буџетските трансфери кои следуваат на општината, посебно поврзани со образованието и градинките, но сепак се реализира тоа што се ветува. Што значи разликата е дека чесно се управува со општините и се работи наменски да се реализираат капиталните инвестиции кои се ветени.

Задоволство е да се види развојот на кој сведочиме во Битола. Тоа што го слушаме од граѓаните е дека конечно Битола има градоначалник кој постојано комуницира со граѓаните, има отворен слух за нивните проблеми и во таа насока верувам дека во следните 3 и пол години Битола ќе го добие заслуженото внимание.

bot hack go88 Chơi ngay Game Bài Go88 có tặng code tân thủ 2022 anh tài xỉu go88

sunwin là gì game đánh bài sunwin sunwin lô đề