June 23, 2021 07:57
Македонија

Муцунски: Заев денес имаше апстрактна изјава дека не преговара за јазикот и за идентитетот, но во Преспанскиот договор ги погази националните интереси

Вечерва во емисијата „24 анализа” гостуваше Тимчо Муцунски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија” при што посочи дека Заев денес говори дека нема да преговара за јазикот и идентитетот, а истиот премиер ги погази националните интереси со потпишување на Преспанскиот договор.

„Јас сега ќе потсетам дека ние како политичка партија многу подолг период алармиравме за потребата од антиципирање на овие позиции на Република Бугарија, тогаш ако се сеќавам добро лани во мај или јуни јас лично бев обвинет од Центарот за комуникации на СДСМ дека ширам лажни вести, по однос на таквото предупредување сега излегува дека некој друг ширел лажни вести”, рече Муцунски.

Муцунски посочи дека денес имаше една апстрактна изјава од страна на премиерот дека Македонија не преговара за јазикот и за идентитетот.

„Но, овој спор кој што е наметнат од Бугарија, кој што е противправен, кој што е нерационален, кој што е навредлив има четири аспекти, јазикот, идентитетот, историјата како клучен аспект на идентитетот и една тема за која што сите ја запоставуваат за да зборуваат, а тоа е заштитата на националните малцинства. За заштита на националните малцинства не видов ниту еден коментар. Приморан сум да цитирам една изјава на премиерот Заев, дадена во „Катимерини” пред неколку дена во која што вели –„Да ја одредуваш историјата на друга нација во 21 век не е во согласност со европскиот дух бидејќи треба заедно да градиме иднина, како и дека за Македонија со придавката, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја и било какви интервенција во македонскиот идентитет е неприфатливо”. Но, доколку е така како што тоа го кажува премиерот Заев во изјава од пред неколку дена ајде да се потсетиме на содржината на Преспанскиот договор, кој што експлицитно во својата содржина има откажување од историја, има откажување од национални малцинства, има ред низа последици низ нашиот институционален систем”, потсети Муцунски.

Муцунски кажа дека дури Заев посегна да се брусат и шахти за да се исполнат точките од Преспанскиот договор, поради тоа во такви политичари како што Заев не му верувам бидејќи тој еднаш се одрекна од се македонско.

„Техничката Влада на Бугарија нема да оди спротивно од Декларацијата на бугарскиот Парламент кој што воспоставува многу кристални национални црвени линии. Ајде да си ја поставиме дилемата, ако сите се согласуваме, дека не преговараме за идентитет, не преговараме за јазик, не преговараме за историја, не преговараме за национални малцинства патем не ни смееме по меѓународното право, но ако сите тука се согласуваме дајте и нашата држава Република Македонија да воспостави национални црвени линии во Парламентот”,истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека така ќе бидат полесни позициите на Македонија во надворешната политика, ако се исцртаат црвените линии, дека преговори по одредени прашања не треба да има.

„Премиерот среде кампањи и среде Брисел да потсетам кажува дека нема да промени уставно име, но го промени уставното име. Има кажувано дека нема да преговара по одредени прашања, не само што преговара туку потпишувал и меѓународни договори кои што потоа ги ратификуваше Собранието, токму за такви прашања за кои што истиот кажувал дека нема да преговара. Јас и верувам на праксата, јас не можам да верувам на зборовите на некој кој што многу често си ги погазувал зборовите”, потсети Муцунски.

Муцунски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара седница на која што ќе се разговара за барањата кои што ги има доставено Бугарија, но власта не прави кворум, и седницата не може да се одржи.

AnimeHeaven animehaven: Watch Death Note (Dub) Episode 11

WCOStream wcostream pokemon: Watch Scum's Wish Episode 6 (https://wcostream.cc/m/P2Ng/ep-6)