January 21, 2021 03:56
Македонија

Муслиу: Не знам зошто правиме толку важна личност од Каракачанов

Однесувањето на Бугарија кон Македонија и спорот за влез во ЕУ е неевропско и штетно за двете држави, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

„Не знам зошто правиме толку важна личност од Каракачанов. Тој си прави таму своја ПР-кампања. За некои работи и да сакаме, не можеме да преговараме. Вашето чувство и идентитет не е административна работа. Не можеме сите да станеме експерти за историја и лингвистика. Однесувањето на Бугарија е неевропски и штетно за двете држави. Не треба да потпаѓаме под тие провокации, затоа што го креваме рејтингот на тамошните политичари“, смета Муслиу.