December 8, 2022 23:55
Македонија

Муса Џафери: Или оставка на Груби или војната во ДУИ ќе ескалира

Еден од членовите на „огнената група“ во ДУИ, Муса Џафери во изјава за „Слободен печат“ порача дека во партијата мора да има промени. Во спротивно, состојбата ќе ескалира.

„Оставка на првиот вицепремиер Артан Груби и уште неколку министри или пак, лидерот Али Ахмети да ги смени, во спротивно војната во ДУИ ќе ескалира. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидејќи така нема да се решат проблемите“, вели Џафери.

И додека Муса Џафери се заканува со политичка војна во ДУИ, актуелниот прв вицепремиер Артан Груби денеска во изјава за медиумите децидно тврди дека во партијата нема никаков раскол и дека сите се построени зад лидерот Али Ахмети.

„Огнената група“ од ДУИ која неодамна излезе со отворено писмо револтирана од првиот вицепремиер Артан Груби и побара промени во партијата, вчера беше на средба со партискиот лидер Ахмети во седиштето на интегративците во Мала Речица.

Поврзани вести

Приватниците од утре ќе протестираат само пред бараките на Град Скопје на Илинденска

Igor

Инфлацијата во ноември 19,5 проценти, објави Државниот завод за статистика

Igor

(Видео) Во филмскиот грабеж во „Поинт ритејл парк“ ограбени банкомати на четири банки

Igor