October 27, 2020 07:35
Спорт

Мурињо: Пред почетокот на мечот имаше смешна ситуација, приметивме дека головите се помали! (ФОТО)

Жозе Мурињо вели дека побарале нови голови да бидат поставени на арената „Тодор Проески“ откако на загревањето приметиле дека головите биле помали.

Тотнем со триумф од 1-3 си замина од Скопје и се пласираше во плеј-офот од Лига Европа. По крајот на натпреварот, Жозе Мурињо откри интересен момент. На загревањето, Џо Харт и Хуго Лорис се пожалиле дека голот е помал, „спарси“ реагирале кај делагатот на УЕФА, па на теренот биле поставени нови голови.

„Пред почетокот на мечот имаше смешна ситуација, голманите ми кажаа дека голот е помал. Јас самиот отидов да се уверам, и навистина беше помал. Па веднаш го известивме делегатот и тој утврди дека голот е за 5цм помал. Па побаравме головите да бидат заменети и да бидат поставени голови со правилни димензии“ – отрки „специјалниот“ на пресконференцијата.

Тој за ова објави и на неговиот Инстаграм профил, каде на шала напиша: „Мислев дека сум пораснал, испадна дека головите се 5цм помали“.