April 20, 2019 16:52
Спорт

Мурињо откри како го натерал Абрамович да го купи Дрогба

Поранешниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо откри како се дошло до трансферот на Дидие Дрогба во 2004 година. Тогаш „сините” платија 24 милиони фунти за напаѓачот на Марсеј.

– Дрогба веќе играшe за Гингам, Марсеј, како и во некои тимови нa изнајмување. Кога побарав да го земам во Челзи сe сеќавам како Абрамович ме праша: „Кој напаѓач го сакаш?” Со сите силни играчи на овој пост во тоа време во Англија, одговорив … Дрогба. „Кој? Кој е тој? Каде игра?” Тој не запираше да ме прашува, а јас му реков само: плаќај и не прашувај”, изјави Специјалниот.

На крајот, Дрогба стана легенда за Челзи и Премиер Лигата. Тој освои три титули на Англија со Челзи, четири пати го крена трофејот од ФА Купот, а исто така беше дел од тимот кој ја освои Шампионската лига пред да ја продолжи кариерата во Кина.

Нови вести

Избрано раководството на секцијата на спортски новинари при ЗНМ

Igor

Парите дадени за Роналдо, стадионот на Јувентус ќе ги врати за 2 години

Igor

Зидан: Знам кои играчи не сакам да си заминат

Igor