October 30, 2020 17:07
Спорт

Мурињо: Не знам ништо за Шкендија, но ќе биде тешко во Македонија

Во четврток Шкендија ќе го пречека Тотенхем, Жозе Мурињо по втор пат ќе дојде во Скопје, вели дека допрва ќе ја анализира Шкендија но бидејќи се игра само еден натпревар свесен е дека може да биде тешко во Скопје.

Синоќа Тотенхем многу потешко од очекувањата го совлада Локомотив во Пловдив со 2-1, па Мурињо очекува отпор и од Шкендија.
„Не знам ништо за Шкендија, но знам дека ќе биде опасно во Македонија, се работи за еден меч, мора да работиме напорно за да ги оствариме нашите цели. Пред нас е еден маратон од натпревари, играме со Саутемптон, па Лејтон, а потоа ќе одиме во Македонија“, вели Мурињо.
Тотнем за седум дена ќе треба да одигра четири натпревари, густиот распоред може да допринесе за ротации во тимот на Мурињо иако Португалецот сериозно ја сфаќа Лига Европа и кога веќе се игра само еден меч јасно е дека во Скопје ќе настапи со најсилниот тим.