December 9, 2018 20:49
Фудбал

Мурињо: Дајте ни време

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по нерешениот исход со Арсенал, во натпреварот од 15. круг од првенството на Англија, побара од новинарите да го остават тимот на мир.

 

Тој додаде дека на неговите избраници треба да им се даде време.

– Морам да изразам несогласување со луѓето кои се обидуваат да го споредат Манчестер со оној во кој беа Рој Кин, Руд ван Нистелрој и Немања Видиќ. Оставете не нас на мира и дајте ни време. Нашиот тим има душа и срце, но досега има недостаток во поглед на стабилност и единство, рече Мурињо.

За Јунајтед ова е трет нерешен дуел по ред по што негативата зад лидерот Манчестер Сити на табелата во Премиер лигата е огромни 18 бода.

Related posts

Рамос за допингот: Се обидуваат да го нарушат мојот имиџ

24info

Тер Штеген ги издвои петте најдобри голмани во светот во овој момент

24info

И Римјаните со жестоки критики за судењето: Ова не е нормално!

24info