February 3, 2023 14:48
Свет

Мунир именуван за началник на Генералштабот на пакистанската армија

Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф денеска го именува поранешниот директор на разузнавачката служба Сајед Асим Мунир за началник на Генералштабот.

Мунир ќе го замени генералот Камар Џавед Бајва, чиј шестгодишен мандат истекува на 29 ноември.

Војската историски има големо влијание во Пакистан, владеејќи со половина од 75-годишната независност на земјата и е одговорна за нуклеарната програма на земјата.

Како и соседните Кина и Индија, Пакистан има нуклеарен арсенал и ракетен систем, што главно е насочен кон Индија.