June 25, 2022 10:03
Економија

„Мудис” го намали кредитниот рејтинг на Украина на „Цaa3″ поради несигурната отплата на долгот

Рејтинг агенцијата „ Мудис” вчера  го намали кредитниот рејтинг на Украина од „Цaa2″ на „Цaa3″ со негативна прогноза, наведувајќи ги како причина зголемените ризици за одржливоста на долгот на земјата по руската инвазија.

„Додека Украина ги користи придобивките од големата меѓународна финансиска помош, која и помага да избегне непосредни ризици за ликвидноста, последователниот значителен скок на државниот долг веројатно ќе се покаже неодржлив на среден рок”, наведува агенцијата.

„Мудис”, која претходно го држеше под контрола кредитниот рејтинг на Украина, сега го намали на негативен поради неизвесноста околу натамошниот развој на војната и поврзаните кредитни импликации.

Лидерите на групата Г7, седумте најразвиени економии вчера договорија нова помош за Украина во износ од 9,5 милијарди долари и и’ ветија доволно пари за да може да го одржи функционирањето на нејзината уништена економија се додека се бори против руската инвазија.

„Мудис” сега очекува воениот конфликт во Украина да трае многу подолго отколку што првично се мислеше и предвиде дека БДП на Украина само годинава ќе потоне за околу 35 отсто.

„Мудис” очекува економијата да почне да закрепнува во 2023 година, но предвидува и дека руската инвазија ќе предизвика трајна штета на БДП на Украина.