November 15, 2019 12:18
Македонија

МТСП: Ќе се градат пет нови градинки

Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228.100.000 денари.

„Со потпишување на овие договори отвораме простор за 760 нови деца. За првпат по долго време во нашата држава ќе се градат вакви големи објекти, бидејќи ја препознаваме клучната улога на предучилишното образование за раст и развој на децата. Инвестираме во нови градинки, но исто така вложуваме и во луѓето кои ги обликуваат нашите идни генерации. Со зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките градиме вистински квалитетно предучилишно образование, кое ќе ги подготвки нашите деца за животот понатаму“, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Со средствата од овие грантови, обезбедени со поддршка од Светска банка, ќе се изградат нови градинки во Крива Паланка со капацитет за 100 деца, во Ѓорче Петров со простор за 175 деца и во Струмица за 300 деца. Исто така ќе се адаптира нов простор за градинка во Боговиње со капацитет за 105 деца. МТСП ќе обезбеди и дополнителни средства за опремување на новите објекти.

Буџетот на Министерството за оваа година за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование е зголемен за 300%. На првиот јавен повик се избрани 17 општини чии проекти ги финансира МТСП, во средина на 2020 година ќе се објави нов јавен повик до општините.

Од Министерството велат дека со изградба на нови објекти, предвидено е да се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа да се подигне опфатот на децата од 3-6 години на 50%.

Нови вести

Aлијанса на Албанците: На Општина Гостивар и се вратија одземените ингеренции во образованието.

Valentina

Судиите од Кривичниот суд во Скопје со поддршка за судската администрација

zane

Заев и Шекеринска на средбата со шведскиот премиер Лофвен во Стокхолм: Силна поддршка од Кралството Шведска за европските интеграции 

zane