January 16, 2019 00:58
Македонија

МТСП: Ја проширувме услугата персонални асистенти ќе може да ја користат 200 лица со попреченост

Министерството за труд и социјална политика, продожува во унапредување на правата на лицата со попреченост преку финансирање на индивидуализиарни социјални услуги во заедницата од Буџетот.

Она што сакаме да го потенцираме е дека со законот кој што е во собраниска процедура услугата персонална асистенција, која досега ја имаше само во 7 општини се проширува низ цела Македонија. Со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на лицата со попреченост, што ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. Во 2019 година е предвидено со оваа услуга да се опфатат 200 лица со попреченост. Во моментот услугата ја користат околу 60 лица со попреченост.

Услугата персонална асистенција од денеска во Скопје ќе ја нудат уште 30 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, откако  успешно ја поминаа обуката на Црвен крст и на Хуманост. Со ова бројот на сертифицирани лични асистенти на територија на Македонија се зголемува на околу 130.

Освен персоналните продолжува и обуката и поддршката за образовните асистенти коишто нудат помош на деца со попреченост во образовниот процес. Во новата учебна година 2018/2019, овој број е зголемен со учество на 34 општини и 300 асистенти во настава. Во 2017/2018 година преку активните мерки за вработување беа ангажирани вкупно 140 образовни асистенти во 18 општини во државата.

Related posts

Малолетничка тешко повредена во сообраќајка

24news

Две медицински сестри се степаа на клиника

Valentina

Тодоров: ВМРО ДПМНЕ не смее да го бојкотира референдумот

24news