October 30, 2020 23:02
Македонија

„Мртов шиптар, добар шиптар“ се пееше попладнево во Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Денеска на социјалните мрежи се појави ново видео на кое фудбалски навивачи на улиците во Ѓорче Петров изивикуваа „Мртов шиптар, добар шиптар“.

https://www.facebook.com/572247214/videos/10157693246757215/?extid=lRpUhQ9BEyeSH4Rn

Се претпоставува дека станува збор за навивачите на ФК Вардар, Комити  бидејќи денеска во Ѓорче Петров во рамките на шестото коло од Првата фудбалска лига играа Македонија ЃП и Вардар.

Од краткото видео кое се појави на социјалните мрежи не може да се види дали евентуално дошло до физичка  пресметка помеѓу навивачите и група граѓани кои реагираа на гестот на навивачите.