Скопје

(ФОТО) Мрак во поголем дел од Карпош, се работи на санирање на дефектот

Голем дел од населбата Карпош попладнево остана без електрична енергија.

Улицата Илинденска е во мрак и не работат ниту семафорите на булеварот.

Електрична енергија нема ниту во кафеаните во Дебар маало.

Од ЕВН информираат дека дефект настанал во главната трафостаница во Козле и се очекува наскоро да биде саниран.


ФОТО: МакФакс