June 27, 2022 15:00
Македонија

МПЦ ОА очекува до крајот на месецов СПЦ до Вселенскиот патријарх да предложи автокефален статус

Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја прифати поканата на Српската православна црква за одржување литургија на помирување, утре во храмот „Свети Сава” во Белград.

-Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на „Свети Сава”, изјави денеска портпаролчот на МПЦ, владиката Тимотеј.

Литургијата ќе почне утре во девет часот, а српскиот патријархот Порфириј, како што наведуваат, српските медиуми, го повикал верниот народ во што е можно поголем број да присуствува на архиерејската литургија.

Тимотеј денеска по координативниот состанок на Светиот синод во врска со одлуката на СПЦ за прогласување канонско единство со МПЦ-ОА, посочи дека МПЦ на литургијата ќе ја предводи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и тројца митрополити во ранг најстарите, во придружба на неколку нивни соработници.

Тој изјави дека со ова се воспоставува единство не само со СПЦ, туку и со останатите православни цркви, а, како што кажа, тоа е еден чекор до очекуваното конечно постигнувањето на посакуваната цел – автокефалност на МПЦ, посочи владиката Тимотеј.

Одговарајќи на новинарски прашања потенцира дека до крајот на месецов очекуваат сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх и СПЦ до Вселенската патријаршија да го испрати предлогот за автокефален статус на МПЦ.

-Црква за која се бара да биде предложена за автокефален статус треба да исполнува 9 или 10 точки. Ние очекуваме за нас, тоа да го направи матичната црква од која се одделуваме , во конкретниот случај СПЦ. Таа да предложи до Вселенската патријаршија доделување автокефален статус , што треба да го одобрат сите православни цркви, а потоа Вселенскиот патријарх да издаде Томос кој треба да биде потпишан од него и од епископот на СПЦ, изјави владиката Тимотеј.

Тој не смета дека со тоа што се прифатил предлогот од СПЦ, за автономија како од 1959 година, дека е враќање назад, туку дека е чекор напред и логичен след на работите што треба да не одведат до моментот за утврдување на автокефалниот статус.

– Сето ова што се случува е чекор напред. Ние баравме автокефалност, вели владиката Тимотеј.

https://tai.go88.is/

sunwin club SunWin - Game đổi thưởng hấp dẫn uy tín hàng đầu bí quyết chơi tài xỉu sunwin