April 19, 2019 22:59
Живот

„Мојата ќерка беше прекрасно дете, првпат проба дрога“

„Мојата ќерка беше прекрасно дете, првпат проба дрога“

Петанесетгодишната Софија С. почина во Аранѓеловац, откако од локалниот дилер, 21-годишниот Никола Б. земала таблета екстаза и потоа доживеала мозочен удар.

Таткото на починатото девојче за српски Курир вели дека неговата ќерка била прекрасно дете.

-Отиде таа вечера на некоја приватна забава. Беше малолетна, а нејзините пријатели полнолетни. Повеќето од тоа друштво ги познавав, но не и Н.Б. Дојде дома и ѝ беше лошо. Веднаш ја однесовме на токсикологија, каде докторите лавовски се бореа за нејзиниот живот и на кои им должам огромна благодарност. Првпат пробала и се случило тоа што се случило… Нека ова биде предупредување до сите за вакви работи повеќе да не се случуваат – рекол таткото на малолетното девојче.

Ова за жал не е прв трагичен случај оваа година тинејџери да изгубат живот поради наркотици.

Нови вести

Приказна која го расплака светот: Дете пишува домашна под светлината на бандера!

24news

Братот е најважниот маж во животот на својата сестра

24news

Велигденски ритуал: Свештеник натерал деца да го тепаат, плукаат и да го сечат со нож 

24news