September 22, 2019 11:31
Хроника

Мотоциклист тешко повреден по пад од мотор

Мотоциклист од Прилеп бил тешко повреден кога со моторот што го управувал изгубил контрола и излетал од коловозот, вчера на регионалниот пат Прилеп-Крушево.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 12.55 часот. Е.Р.(46) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „фости” со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Мотоциклистот се здобил со тешки повреди по што бил пренесен во Градската болница во Прилеп.

Увид извршила увидна екипа од ПС Прилеп.

Нови вести

Исклучени од сообраќај 33 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Igor

(Фото) Сообраќајка на патот Велес-Скопје, има повредени

Igor

Македонци се враќале од Холандија со нов автомобил, кај Врање со судриле со „голф“

Igor