June 27, 2022 05:02
Свет

Москва ја осуди политиката на Франција во Мали и ја нарече „колонијална”

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го осуди „колонијалниот менталитет” на Париз и Европа во Мали на средбата со неговиот колега од Мали, Абдулаје Диоп во Москва.

– Незадоволството (на Франција) од желбата на властите во Мали да побараат помош од странски безбедносни сили не е ништо друго туку повторување на колонијалниот менталитет, од кој Европејците одамна требаше да се ослобода”, рече Лавров на прес конференцијата.

Рускиот министер за надворешни работи предупреди дека постои „реална опасност” да се појават „енклави на анархија во Мали, каде што борците на илегалните вооружени групи дејствуваат слободно”. Ова го загрозува територијалниот интегритет на земјата и ние веќе им го кажавме тоа неколку пати на нашите француски колеги, додаде тој. – Ги разбираме, но не ги цениме обидите на Франција и другите земји од ЕУ да претендираат за доминантна улога во Африка и другите региони, нагласи Лавров, нарекувајќи го неприфатлив обидот Париз да го „диктира однесувањето на Мали”.

Рускиот министер за надворешни работи увери дека Москва е подготвена да го поддржи Бамако и да ги подобри борбените способности на вооружените сили на Мали, особено во однос на обуката на војската и полицијата. Тој додаде дека Русија ќе продолжи да го снабдува Мали со пченица, минерални ѓубрива и нафтени производи, и покрај санкциите заради нејзината офанзива во Украина. Овие мерки ги попречуваат извозните можности на Русија и ги поттикнуваат стравувањата од глобална прехранбена криза.

Во февруари, Париз објави воено повлекување од Мали поради влошената безбедност и тензиите меѓу Франција и владејачката воена хунта. Западот ја обвинува хунтата дека прибегнала кон приватната безбедносна компанија Вагнер, за која се смета дека е блиска до Кремљ. Бамако, од своја страна, вели дека користи само руски воени советници.

https://go88.gg/

sunwin kubet