February 3, 2023 10:50
Свет

Москва тврди дека нуклеарната централа Запорожје останува под руска контрола

Нуклеарната централа Запорожје останува под р уска контрола, објави управата на окупираниот руски град Енерходар откако висок украински функционер сугерираше дека руските сили се подготвуваат да заминат.

– Медиумите активно шират лажни информации дека Русија наводно планира да се повлече од Енерходар и да ја напушти (нуклеарката), објави на Телеграм руската управа.

Претходно, директорот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија изјави дека постојат знаци дека руските сили можеби се подготвуваат да ја напуштат нуклеарна централа Запорожје, што ја зазедоа во март.

Главниот штаб на украинските вооружени сили објави дека на крајот на минатата недела украинските сили уништиле шест единици руска воена опрема и оти околу триесет руски војници биле повредени во борбите кај Енерходар. Ројтер

Голем број вработени во нуклеарната централа живеат во блискиот град Енерходар, кој е под руска окупација од првите денови на инвазијата.

Во септември, рускиот претседател Владимир Путин ја започна анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје, каде што неговите сили тврдат дека имаат делумна контрола, потег што Киев и неговите западни сојузници го осудија како незаконски.