December 9, 2022 00:16
Свет

Москва: Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари

„Северен тек 1″ и „Северен тек 2″ технички можат да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни многу време и пари, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.

– Пред сè, Русија има намера да разјасни кој е виновен за саботажата на гасоводите, доколку за тоа имаат интерес САД, Украина и Полска, посочи тој.

– Вакви инциденти досега немало. Секако дека има технички можности за обновување на инфраструктурата, но за тоа е потребно време и соодветни средства. Сигурен сум дека ќе се најдат соодветни можности, рече тој.

– До денес, пред сè, потребно е да се открие кој го сторил тоа, а ние сме сигурни дека некои земји кои претходно го искажаа својот став, се заинтересирани за ова. Тогаш и САД и Украина и Полска рекоа дека „тие се ќе направат сè за таа инфраструктура да не работи”, така што, се разбира, тоа треба сериозно да се реши”, додаде Новак.