January 28, 2022 23:09
Свет

Москва и Пекинг со негативни реакции за претстојниот виртуелен самит за демократија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претстојниот Самит за демократија го оцени како обид на САД да ги продлабочат поделбите и посочи дека Русија има негативен став кон собирот.

– Нашиот став за овој настан е недвосмислено негативен. Ова не е ништо друго туку обид за продлабочување на линиите на поделба. На почетокот на 1990-те, многу се трудевме да ги намалиме и елиминираме поделбите, но сега САД претпочитаат да ги продлабочат поделбите и да ги оценуваат земјите како добри или лоши според критериумите на Вашингтон, рече Песков.

Во исто време, Кина денеска изрази „силно противење” на поканата на Тајван на самитот за демократија чиј домаѓин ќе биде американскиот претседател Џозеф Бајден.

– Тајван нема никаков статус во меѓународното право освен статусот според кој е составен дел на Кина, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијанг.

На виртуелниот собир во декември ќе се соберат околу 110 земји. Кина и Русија не се поканети.

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime stream AniWatch Bleach

Bleach (Dub) Episode 366

anime to watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

Bleach Episode 362